Видео proeski-S1_757232S1

1 декември, 2015

Слушнете ја новата песна од Тоше – „If You Wanna Leave Me“

Хрватскиот неделник „Јутарњи“ ексклузивно овозможи преслушување на новата песна од нашиот Тоше Проески. Станува збор за темата насловена „If You Wanna Leave Me“, која воедно е и најавен сингл за неговиот претстоен албум, на чие тајно преслушување во едно загребско студио, како единствен медиум присуствуваше токму „Јутарњи“.

Потесниот круг на луѓе што се состанаа за да ги одберат темите што ќе се најдат на новиот албум, ги предводеше познатиот британски продуцент Енди Рајт, кој ги продуцираше сите песни на Тоше на англиски јазик, а од Македонија пристигнале претседателот на Меѓународната фондација „Тоше Проески“, Славен Ристески и менаџерот на неговата матична издавачка куќа „Аворд“, Сашо Митков, како и сопственичката на загребската музичка агенција „Озирис“, Петра Црнетиќ, во чие студио Проески снимил бројни хитови. Таа воедно е и автор нa текстот на насловната песна од албумот, која ќе се вика „Secret Place“.

На претстојното издание ќе се најде и оптимистичната „Light The Flame“, нежната „Where Do I Belong“, две инструментални верзии на познати хитови од Тоше во анплагд и електрична верзија, а додека се преговара за останатите, слушнете како звучи англиската верзија на „Ако ме оставиш“.

Извор и фотогафија: Jutarnji.hr

 



Врати се горе ↑