Аудио 291883_10151268588307313_44747200_n

4 декември, 2012

Слушнете ја новата песна на Влатко Илиевски

Откако во неделата го промовираше новиот албум „Нека биде по твое“, а и концертот кој ќе се одржи на 10-ти декември во Универзална Сала, Влатко Илиевски вчера ја објави и неговата најнова песна „Остани каква што си“. На неговиот профил на фескбук, Влатко напиша:

„Многу песни сум ги сними, многу ми биле најомилени, многу не станале хитоби, некои што не сум ни мислел дека ќе се вртат и ќе бидат хитови, биле најголеми… тоа не е битно, туку има една песна, ја знам со години, а сега ја снимив, изгледа така требало да биде… Се вика „Остани каква што си“.“

Во продолжение слушнете го најновото од Влатко, а на 10-ти ќе можете во живо да уживате во изведбите на најголемите хитови на Илиевски. Гости на концертот ќе му бидат неговата долгогодишна пријателка и колешка Тамара Тодевска и Игор Џамбазов.

 



Врати се горе ↑