Свет Soundgarden31

1 ноември, 2012

Слушнете ја новата песна на Саундгарден

По шеснаесетгодишна пауза, бендот Саундгарден го најавува новиот студиски албум со наслов King Animal“ кој е закажан за 13ти ноември и беше најавен во септември со синглот „Been Away Too Long“. Деновиве беше објавена и новата песна „Non-State Actor“ со интересен „привремен“ спот, каде што во еден кадар е претставено американското знаме со мали измени, т.е. наместо ѕвездите кои ги претставуваат американските држави, стои знакот кој ќе се користи на новиот албум, на којшто ќе се најдат 13 нумери. Во продолжение слушнете ја новата песна која е обележана со стилот на бендот од деведесеттите години.

 



Врати се горе ↑