Аудио 1466163_10203251322418280_4603231098644664095_n

21 јуни, 2014

Слушнете ја новата песна на Младен Лукиќ од X Фактор

Финалистот кој за жал прв ги напушти финалните вечери на првото регионално издание на X Фактор, Младен Лукиќ деновиве ја објави својата прва песна. Темата насловена „I’ll Be There For You“ е всушност соработка со диџејското дуо Д Битшејкерс (The Beatshakers), кое соработувало и со имиња како што се Александра Радовиќ, Ван Гог, Соња Бакиќ и други.

„Имавме во план да направиме песна, а во тој момент започна да се емитува Х Фактор, каде што го видовме и чувме Младен. Секој негов настап беше по наш вкус, така што лесно одлучивме со кој ќе соработуваме овој пат. Намерно гласавме против него за што побрзо да влеземе заедно во студио“, изјавија момците за српски Свет.

„Бев пријатно изненаден од поканата за соработка. Уште на првиот разговор ми пуштија песна која останува во главата при првото слушање, така што воопшто не се двоумев да прифатам! Веднаш се согласивме, секогаш е весело кога ќе се собереме, така што сметам дека ова е почеток на една одлична соработка. Песната е многу интересна, полна со добар ритам, весела е и има интересен призвук на Ирска. Многу сме задоволни и едвај чекаме да ги слушнеме првите коментари на публиката“, изјавил Младен, а како звучи нивниот нов летен хит можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑