Аудио m-lots

21 јуни, 2014

Слушнете ја новата песна на Металика

Непосредно пред долгоочекуваниот настап на фестивалот Гластонбери кој ќе се одржи следниот викенд, бендот Металика деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Lords Of The Summer (First Pass Version)“На својата официјална веб страна Металика велат: „Добредојдовте на официјалниот почеток на летото! На најдолгиот ден од годинава ја претставуваме песната ’Lords of The Summer’ ширум целиот свет. Оние кои имаа можност да видат дел од нашата европска турнеја и настапите во Јужна Америка, ќе ја препознаат оваа песна како ’онаа новата’ која ја изведовме на некои концерти. Оваа сабота, спортскиот канал ЕСПН одлучи да го одбележи почетокот на летото со тоа што оваа песна ќе ја пушта во текот на целиот ден. А оние од Вас кои имаа можност да ја слушнат претходната верзија која ја беше достапна за слушање на LiveMetallica.com ќе забележат и одредени разлики; сè уште работиме на песната, но сакавме да ја споделиме со Вас токму каква што е сега – и веројатно повторно ќе се промени!“

 



Врати се горе ↑