Аудио Lil-wayne-drake-Bitches-Love-Me

1 јануари, 2013

Слушнете ја новата песна на Лил Вејн и Дрејк

Лил Вејн конечно на 19-ти февруари ќе го објави неговиот нов долгоочекуван албум „I An Not a Human Being II“, а судејќи по најавниот сингл, фановите во новото издание ќе ги препознаат омилените теми на раперот. Албумот е најавен деновиве со синглот во кој гостуваат неговите колеги Дрејк и Фјучр (Future), а тоа е нумерата „Good Kush & Alcohol (B -es Love Me)“, чија продукција ја потпишува Мајк Вил Мејд Ит (Mike Will Made It). За овој сингл Вејн изјавил дека знае дека е во прашање една од најдобрите песни од албумот, додека Фјучр смета дека песната ќе доживее голем успех на радио станиците, додавајќи: „Тоа е всушност еден филм. Едвај чекам да видам како ќе реагираат фановите.“

Слушнете ја „Good Kush & Alcohol (B -es Love Me)“ во продолжение.

Извор: PopCrush



Врати се горе ↑