Свет la-roux

1 април, 2013

Слушнете ја новата песна на Ла Ру

Деновиве на интернет се појави снимка на која Ла Ру (La Roux) изведува нова песна насловена „Tropical Chancer“. Оваа песна е една од четирите кои британското електро поп дуо составено од Ели Џексон и продуцентот Бен Лангмејд ја изведе на концерт во Брајтон, одржан на 28-ми март. На концертот, кој беше нивниот прв настап во приближно две години и прв од трите „загревања“ пред најавениот настап на Coachella фесривалот, Џексон настапила во придружба на музичари. Останатите три премиерно изведени песни ги носат насловите „Upthight Downtown“, „Sexoteque“ и „Kiss And Not Tell“.

Ла Ру го објавија истоимениот деби албум во 2009 година, а по подолга пауза, нивниот втор албум би требало да го објават во текот на оваа година. Џексон во интервју за New Musical Express ја објаснила издавачката пауза: „Сфатив дека за да снимам албум каков што сакав, морав да станам многу подобра музичарка отколку што бев. Многу учев и беше забавно, всушност не сакав да престанам. Јас не сум таа што треба да кажува како звучи новиот материјал, но мене ми звучу одлично… Инаку не би потрошила толку време на тоа.“

Во продолжение погледнете ја снимката од настапот во Брајтон, на кој ја изведоа песната „Tropical Chancer“

Извор: NME/MTV

 



Врати се горе ↑