Аудио Karolina-Dve-liri

14 јануари, 2014

Слушнете ја новата песна на Каролина

Како што беше најавено, Каролина вчера го претстави својот втор сингл од претстојниот албум „Македонско девојче 2“, а тоа е темата „Две лири (Не ни било пишано)“, чии автори се Никола Мицевски (музика и аранжман) и Валентин Соклевски (текст). Песната е снимена во студиото „XL – Момироски“, а за прекрасната мелодија придонесоа и Благојче Трајковски на кларинет, Влатко Крстев на виолина, Зоран Костадиновски на гитара, Бошко Мангаровски на канон, Оливер Јосифовски на контрабас, Благоја Антовски на тапани, како и авторот Никола Мицевски на клавир.

 

Како што е познато, концертната промоција на албумот ќе биде на петте концерти закажани за 20/21/22/23 и 24-ти февруари во Македонска Опера и Балет каде со секоја купена влезница следува и едно луксузно дигипак издание од албумот. Влезниците по цена од 600 денари се веќе пуштени во продажба од 10-ти декември преку билет сервисот  Купи карти за сè. Во слободна продажба албумот „Македонско Девојче 2” ќе може да се најде од 25-ти февруари.



Врати се горе ↑