Македонија bojana-atanasovska

30 март, 2013

Слушнете ја новата песна на Бојана Атанасовска

Денеска пристигна најновото музичко парче од студиото на Роберт Билбилов. Станува збор за новата песна на Бојана Атанасовска насловена „Како можев“, чии музика и аранжман се токму на Билбилов, текстот го потпишува Ксенија Николова, а дел од екипата се и Нина Јанева (придружен вокал), Бранислав Автовски (виолина) и Благоја Алачки (гитара).

„Епа дечки, конечно ова е мојата нова песна ,Како можев’, по една подолга пауза, сè што долго време собирав како емоција и енергија го има во оваа песна. Се надевам дека ќе ја пренесам пораката како што ја чувствувам и ќе ја имам Вашата поддршка“ – напиша Бојана на својот фејсбук профил објавувајќи ја новата песна, која можете да ја слушнете во продолжение.

Фото: Маја Арсова



Врати се горе ↑