18 јануари, 2013

Слушнете ја новата песна на Боби Андонов

Младиот талентиран струмичанец кој светот го запозна на талент шоуто „Австралија има талент“, Боби Андонов вчера ја претстави неговата нова песна насловена „Fall Into My Love“. Во продолжение преслушајте ја изведбата во живо на Боби, кој во интервјуто кое ни го даде во ноември минатата година, ни кажа дека во текот на годинава веројатно ќе се пресели во Лос Анџелес, а во моментов сè уште е на првото место за Најдобар машки изведувач за 2012 година на РадиоМк. Новата песна заеднички ја потпишуваат Боби и Пол Данкан, а момчето кое свири на гитара е Каи Чен Лим. Уживајте!



Врати се горе ↑