Аудио aleksandra-kovac

15 март, 2013

Слушнете ја новата песна на Александра Ковач

Српската музичарка Александра Ковач (40) денеска ја претстави нејзината нова песна насловена „Једна жена“, која комплетно нејзино авторско дело. За српската веб страна Трачара таа изјавила: „Оваа композиција укажува на правецот на компонирање на кој ќе се посветам во наредниот период и кој комбинира елементи од филмска и класична партитура, како и елементи од секоја квалитетна поп песна – лесна за паметење, распеана и интересна мелодија, моќен текст и богата хармонија. Се обидувам со секоја нова песна да одам чекор понатаму во секој поглед, а пред сè во поглед на пеењето и компонирањето, да поставам нови лични стандарди, но и нови стандарди во српската музика.“

Музичката продукција, миксот и мастерингот го направи Роман Горшек, а во песната гостуваат и реномирани класични музичари – виолончелистот Срѓан Сретеновиќ, доцент на ФМУ во Белград и Тијана Милошевиќ, прва виолина во Белградската филхармонија. Оваа година пејачката прославува 25 години работа, а големиот јубилеј ќе го прослави со турнеја која го носи насловот на оваа песна.

Песната може бесплатно да се симне на официјалната веб страна на Александра Ковач: www.aleksandrakovac.com

Извор: Трачара



Врати се горе ↑