Слушнете ја новата песна на Александар Тарабунов
По минатогодишниот хит „Навика“ и летниот ремикс на „Кажи кој те има“, Александар Тарабунов деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Сега знам“. Новиот потенцијален хит на Тара е дело на Јован Јованов, кој ја потпишува музиката, текстот е на Ана Пандевска, а аранжманот го направи Дамјан Лазаров. Тара исто така најави дека се подготвува и за претстојното издание на фестивалот Макфест, кој годинава за прв пат ќе се одржи во месец мај. Како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение.