Аудио ns

14 септември, 2014

Слушнете ја новата балада „Run“ на Никол Шерцингер

Со шармантен поздрав на француски (Bonjour!), Никол Шерцингер ја најави својата нова песна на едно француско радио, односно баладата која доаѓа по темите „Your Love“ и „On The Rocks“ и која е насловена едноставно „Run“, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Во неодамнешно интервју за магазинот „Дигитал спај“, пејачката го опиша  звукот на новиот албум како „модерна мешавина на влијанијата од изведувачки како што се Џенет Џексон и Шаде“. Сè уште не се познати многу детали за неименуваното издание кое ќе го наследи „Killer Love“ од 2011 година, освен тоа што извршни продуценти се Кристофер Стјуард, попознат како Трики, и Териус Неш, познат како Д-Дрим.

 



Врати се горе ↑