Аудио Beyoncé-Rise-Up-2013-1200x1200

5 јуни, 2013

Слушнете ја новата балада од Бијонсе

Како што е веќе познато, најпознатата дива во поп културата, Бијонсе доста амбициозно ја започна годинава со работа на нов албум, гостување во песни на нејзини колеги, а во април ја започна и светската турнеја „The Mrs. Carter Show“. Во меѓувреме, нејзините фанови имаа можност да слушнат само по некое кратко делче од новите песни, а сега конечно пристигна и цела песна.

Станува збор за една одлична балада насловена „Rise Up“, која Бијонсе ја сними специјално за анимираниот филм „Epic“, во кој го позајми гласот за ликот на кралицата Тара.  Како што пишува Idolator, ова не е типична песна од Бијонсе, туку само „песна која случајно ја пее Бијонсе“, и покрај тоа што автори на композицијата се Сиа и Хит Бој, а како звучи „Rise Up“ можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑