Свет 753180_rihannaINjpg

11 ноември, 2012

Слушнете ја новата балада на Ријана

Гостувајќи во емисијата Saturday Night Live, Ријана синоќа премиерно го изведе вториот сингл од претстојниот албум. Станува збор за емотивната балада „Stay“.

Новиот албум на Ријана со наслов „Unapologetic“ ќе биде под етикетата на издавачката куќа Island Def Jam, а ќе биде пуштен во продажба ширум светот на 19-ти овој месец. Нејнзиот прв сингл од овој албум „Diamonds“ е дваесет и трета песна на оваа пејачка кој до сега си најде место во првите десет нумери на Хот 100 листата. Веднаш по официјалното објавување, „Дијамантите“ го зазедоа првото место на iTunes листите дури во 27 земји.

Инаку, Ријана е официјално првата личност на Фејсбук со преку 62 милиони допаѓања. До сега има продадено преку 37 милиони албуми и 146 милиони дигитални синглови ширум светот. Добитничка е на 6 Греми и 7 Билборд музички награди, а магазинот Форбс неодамна ја именуваше за личност бр. 1 на социјалните мрежи. Ријана е во водство и со бројот на номинации на MTV EMA, со вкупно 7 шанси за освојување на некои од наградите.

 

 



Врати се горе ↑