Аудио

12 мај, 2018

Слушнете ја новата балада на Кристина Агилера

Откако го претстави најавниот сингл „Accelerate“, Кристина Агилера продолжува со промоција на претстојното, осмо по ред студиско издание насловено „Liberation“, а сега имаме можност да слушнеме уште една песна од новиот материјал. Станува збор за баладата со наслов „Twice“, во која пејачката пее дека не би размислувала двапати кога станува збор за љубовта.

 

Инаку, за новиот материјал Агилера соработуваше со голем број автори и продуценти, меѓу кои Фарел Вилијамс и долгогодишната соработничка Линда Пери, како и Канје Вест, кој го продуцираше најавниот сингл „Accelerate“. Освен Тај Дола Сајн и Ту Чеинз, на новото издание, кое ќе стигне на 15 јуни, гостува и колешката Деми Ловато, а интересно е тоа што овој дует насловен „Fall In Line“ е авторско дело на младата кантавторка Џулија Мајклс (Issues).



Врати се горе ↑