Свет girls-aloud-ten

14 ноември, 2012

Слушнете ја новата балада на Грлс Алауд

Британската женска група Грлс Алауд неодамна го објави синглот „Something New“ кој беше прв најавен сингл за нивниот претстоен албум, осносно колекција од најголемите хитови со наслов „Ten“ со кој ќе заокружат 10 години од формирањето на бендот. Вчера девојките го објавија и вториот сингл од оваа компилација, а тоа е баладата „Beautiful Cause You Love Me“, за која е изработен текстуален видео запис. Со оваа песна тие направија одредена промена во однос на објавувањето на синглови, со оглед на тоа што веќе неколку години не објавиле балада како сингл.

Сите 22 синглови на групата се продуцирани од страна на продукциската куќа Ксеноманиа, а оваа балата е првата за која што соработуваа со проширен креативен тим. Во случајов тоа е Џим Елиот кој неодамна го продуцираше поголемиот дел од албумот на Ели Гулдинг. Иако баладите не им се силна страна, сепак е одлична промена за разлика од останатите динамични песни. Преслушајте ја во продолжение „Beautiful Cause You Love Me“.

 

Извор: idolator.com



Врати се горе ↑