Аудио Whitney_Houston

7 ноември, 2012

Слушнете ја необјавената песна на Витни Хјустон

За 19-ти ноември е најавен албум со најголемите хитови на трагично починатата легендарна пејачка Витни Хјустон, а изданието ќе биде со наслов „I Will Always Love You: The Best of Whitney Houston“. Како што е соопштено, на албумот ќе бидат претставени нејзините најголеми хитови и некои необјавени нумери, а сега албумот го најавува првата од новите песни „Never Give Up“, која ја продуцираше познатиот Џермејн Дупри и која наводно е снимена во 2009 година за потребите на нејзиниот последен студиски албум „I Look to You“ кој никогаш не го заврши. Преслушајте ја  „Never Give Up“ .

 

 



Врати се горе ↑