Аудио received_10207391632725759

22 септември, 2015

Слушнете ја „Нека гори“ на Марија Бунда

Еден убаво вкомпониран музички пакет испратен од  местото од каде што со векови се испраќаат пораки, Охрид. Марија Бунда, овој пат со настап на „Охридски фестивал“, ја претстави својата трета по ред соло песна, за која се здоби со награда за најдобар аранжман.

„Пораката е пратена. ’Нека гори’ како симбол на млада девојка која знае што сака и што очекува од својот партнер. Како игра која не дозволува да се претвори во доминација на еден од партнерите. Бара само искрено и взаемно разбирање, почитување на оној кој искрено ти подарил ни помалку ни повеќе, туку самиот себе. Нели тоа не е многу?“, прашува младата д-рка, која воедно преку својот најнов музички проект го дава и одговорот на прашањето.

Матеј Сенековиќ (Словенија), Огнен Неделковски и Горан Милошески како тројка која го предводи успехот на уште едно летно музичко остварување.

Марија, која моментално е на студиски престој во Холандија и зад себе ја има второнаградената „Не ме познаваш“ од „Макфест 2013, како и соработката со „Д хаундс“, уште еднаш покажува дека енергијата која сите млади ја поседуваат во себе треба максимално да ја користат и секогаш пред себе да ги води позитивната мисла. Љубовта е сонот на сите, ја водиме со себе  без разлика на времето и на местото каде се наоѓаме.

Аудио снимката од „Нека гори“ слушнете ја во продолжение, а веднаш потоа погледнете го и настапот со Загребскиот оркестар на интернационалната вечер на „Далматински шансони“ во Хрватска. Уживајте!

 



Врати се горе ↑