Аудио пнк

2 октомври, 2017

Слушнете ја насловната тема од новиот албум на Пинк

После најавниот сингл „What About Us“, Пинк деновиве ја објави и насловната тема од својот седми студиски албум насловен „Beautiful Trauma“.

„Ја напишав песната со една извонредна личност, Џек Антоноф, а по неа го именував и целиот албум бидејќи животот е е*ено трауматичен“, напиша таа на Твитер, објавувајќи го новиот сингл, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Инаку, истоимениот албум е закажан за 13 октомври и ќе содржи вкупно 13 нумери.

 



Врати се горе ↑