Аудио bez-sminka-ER

19 јануари, 2016

Слушнете ја насловната тема од новиот албум на Елена Ристеска – „Без шминка“

Само неколку дена пред крајот на минатата година, Елена Ристеска го промовираше својот долгоочекуван, трет по ред студиски албум насловен „Без шминка“, на кој се сместени неколку нови песни (насловната „Без шминка“, „Немаш право ти да ми судиш“, „Како да се радувам“, „На крај на свет“ и „Веѓи“), но и постари, веќе познати хитови како што се „Што си ти“, „А можевме“, „Доживотно“, Доста“, „Опасно време, „Сакам по добро да те памтам“, „Не лажи ме“ и „Најдобро до сега“. На новиот материјал работеа нејзиниот долгогодишен соработник Дарко Димитров и српската авторка Александра Милутиновиќ.

Пејачката вчера на нејзиниот канал на Јутјуб ја објави насловната тема од албумот, на која самата се потпишува како автор на текстот и како извршен продуцент, музиката и продукцијата се дело на Дарко Димитров, а во аранжманот му помогна Лазар Цветкоски. Како звучи Елена „Без шминка“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Јутјуб

 



Врати се горе ↑