Аудио tango-do-balcak-videostill

14 септември, 2014

Слушнете ја насловната тема од филмот „До Балчак“

Вечерва, во рамките на јубилејното 35-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, премиерно ќе биде прикажан новиот филм на Столе Попов, „До Балчак“. Битолчани и гостите на фестивалот ќе имаат можност први да ја погледнат оваа македонска приказна, во која дел од сцените се снимани токму во градот на конзулите. Но, ниту едно филмско издание не би било потполно без соодветна музика, па така за насловната тема „Танго до Балчак“ на овој долгоочекуван филм на Попов се погрижи Дуке Бојаџиев, кој се потпишува како композитор, аранжер и продуцент, а вокалот го позајми Крсте Роџевски. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

„До Балчак“ е снимен во режија на Столе Попов, а по сценарио на Горан Стефановски. Улогите ги играат Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Мики Манојловиќ, Никола Којо и други, а официјалниот трејлер можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑