Аудио maroon-5-gwen-stefani

31 август, 2014

Слушнете ја „My Heart Is Open“ од „Марун 5“ и Гвен Стефани

По првиот сингл „Maps“, „Марун 5“ деновиве ја претставија својата нова песна насловена „My Heart Is Open“, која ја снимија заедно со Гвен Стефани. Како автор на новата песна се потпишува австралиската кантавторка Сиа, а двете песни го најавуваат претстојниот, петти по ред студиски албум на бендот, изданието насловено „V“ кое ќе пристигне на 2 септември.

Што се однесува до Стефани, се шпекулира дека до крајот на годината ќе пристигнат и нејзините нови песни – продуцентот Дипло во неодамнешно интервју зборувал за работата на можниот трет соло албум на пејачката, или пак нови материјали за нејзиниот матичен бенд „Ноу даут“, кој официјално продолжи со работа минатата година.

Покрај заедничката песна која можете да ја слушнете во продолжение, Стефани има уште еден заеднички ангажман со фронтменот на групата, Адам Левин; и двајцата ќе се појават во улога на судии и ментори во следната сезона на американскиот натпревар „The Voice“, заедно со Фарел Вилијамс и Блејк Шелтон.

 

 

 



Врати се горе ↑