Аудио artworks-000058342030-61v88a-t500x500

24 септември, 2013

Слушнете ја „Meet Me In Space“ од Кеша

Контроверзната американска пејачка Кеша за својот последен албум „Warrior“, објавен минатата година, своевремено изјави дека за него размислува како за едно „гласно“ рок издание, но на крајот материјалот повеќе беше ориентиран кон поп звукот. Конечната концепција за албумот можеби објаснува зошто песната „Meet Me In Space“, која е комбинација од електро и рок звук од седумдесеттите години и која ја потпишува Нејтан Чепмен, не се најде на ова издание.

Необјавената песна деновиве беше претставена на интернет, а како звучи можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑