Аудио tlc-20-650-430

9 октомври, 2013

Слушнете ја „Meant To Be“ од „Ти-ел-си“

Познатото трио (сега веќе дуо) „Ти-ел-си“ минатата година го најави враќањето на музичката сцена, а за 15 октомври е закажан нивниот нов албум, односно колекција од најголемите хитови, на кој ќе се најдат 14 теми, меѓу кои и една нова песна која за нив ја напиша познатиот музичар Ни-Јо. Темата е насловена „Meant To Be“, воедно означувајќи го и јубилејот од 20 години од формирањето на групата. Само неколку дена подоцна, на 21 октомври на музичкиот канал „Ви-ејч-уан“ ќе биде премиерно прикажан биографскиот филм „CrazySexyCool: The TLC Story“.

Новата песна можете да ја слушнете во продолжение, а списокот од песните кои ќе се најдат на претстојното компилациско издание насловено „20“ можете да ги видите подолу.

 

TLC – 20

1. Ain’t 2 Proud Beg
2. What About Your Friends
3. Baby, Baby, Baby
4. Hat 2 Da Back
5. Creep
6. Waterfalls
7. Red Light Special
8. Diggin’ on You
9. Kick Your Game
10. No Scrubs
11. Unpretty
12. Silly Ho
13. Damaged
14. Meant to Be

 



Врати се горе ↑