Аудио 558331_723785204302475_1485191897_n

14 октомври, 2013

Слушнете ја макфестовската балада на Игор Митровиќ

Изминатиот викенд се одржа 28-мото издание на фестивалот за забавни мелодии Макфест, а помеѓу овогодинешните претставници повторно беше Игор Митровиќ, кој се претстави со баладата насловена „За крај“. Како автори на оваа композиција се потпишуваат Александар Масевски (музика и аранжман) и Билјана Пашариковска (текст), кои заедно со Иле Спасев и Емилија Гиевска ги отпеаја и придружните вокали. Спасев ги отсвири и звуците од гитарата, а виолинските се дело на Илија Филиповски.

„Презадоволен сум од соработката со Масе! Среќен сум што соработувам со големи професионалци кои точно си ја знаат и вршат својата работа!“ – вели Митровиќ, а макфестовската балада можете да ја слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑