Аудио Ne-Yo-Future

25 октомври, 2013

Слушнете ја „Luxurious“ од Ни-Јо и Фјучр

Ни-Јо и раперот Фјучр деновиве изненадија со нова соработка. Станува збор за темата насловена „Luxurious“, чија продукција ја потпишува Џеси „Корпорал“ Вилсон, за која не е познато дали ќе се најде на некој од албумите на двата музичари. Фјучр во моментов учествува во промотивната турнеја која по повод објавувањето на новиот албум ја започна колегата Дрејк, додека Шафер Шимер Смит, попознат како Ни-Јо, минатата недела го прослави 31-виот роденден со објавувањето на песната „Meant to Be“, која ја напиша за реформираната група ТиЕлСи.

Како звучи новата тема можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑