8 мај, 2013

Слушнете ја „Live It Up“ од Џеј Ло и Питбул

Џенифер Лопез веќе подолго време работи на нејзиниот нов десетти по ред студиски албум, кој треба да излезе некаде во ноември, а сега пристигнува и првиот најавен сингл од ова издание. Станува збор за нумерата „Live It Up“, во која повторно гостува нејзиниот колега Питбул.

„Работејќи на десеттиот албум и слушајќи го новиот сингл е остварување на моите соништа“– изјавила Лопез за њујоршко радио, додавајќи: „Се чувствувам многу благодарно, не ни знам како се случи сето ова.“ Во врска со албумот таа рекла: „Мислам дека ќе издадеме неколку синглови, па потоа ќе одлучиме кога ќе го објавиме албумот. Со оглед на тоа како течат работите во оваа индустрија, верувам дека важно е да се погоди вистинскиот момент. Прво да претставиме одлична музика, па ќе почекаме вистински да го бараат албумот.“

Песната е продуцирана од РедУан, кој ги продуцираше и претходните хитови на Лопез „On The Floor“ и „Dance Again“. Како звучи новиот сингл, можете да слушнете горе, а наскоро ќе биде претставен и видео запис, кој неодамна се снимаше во Мајами.



Врати се горе ↑