Аудио 10492146_603355903096439_7334786404018844980_n

24 октомври, 2014

Слушнете ја „Like I Can“ од Сем Смит

Иако веќе започна со работа на нов материјал, британскиот музичар Сем Смит продолжува со промоцијата на песните од неговото мошне успешно првенче „In The Lonely Hour“, па следниот сингл од ова издание е темата „Like I Can“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Раскошниот вокал и прекрасните балади во кои секој може да се пронајде на Смит деновиве му донесоа уште неколку награди, меѓу кои наградата за „Најдобар нов изведувач“ според „Кју (Q)“, а на неодамнешните „МОБО“ награди си замина дома со четири статуетки победувајќи во сите категории во кои беше номиниран, и тоа „Најдобар Р’н’Б и соул изведувач“, „Најдобар машки изведувач“, „Најдобра песна“ за „Stay With Me“ и „Најдобар албум“ за „In The Lonely Hour“.

Во категоријата „Најдобар нов изведувач“ е номиниран и во претстојните европски музички награди на „Ем-ти-ви“, кои се закажани за 9 ноември, а на 23 ноември ќе настапи на овогодишното доделување на американските музички награди.



Врати се горе ↑