Аудио la-roux-lmdg-videostill

13 мај, 2014

Слушнете ја „Let Me Down Gently“ од Ла Ру

Дуото Ла Ру (La Roux) до сега нема откриено многу детали околу претстојното издание, освен тоа што ќе го носи насловот „Trouble In Paradise“ и дека би требало да се појави на 7 јуни годинава. На интернет деновиве се појави и песната „Let Me Down Gently“ за која се смета дека е најавна тема на горенаведениот албум. Новиот албум ќе биде наследник на нивниот деби албум „La Roux“ од 2008 година. Музичкиот колумнист од списанието Guаrdian, Тим Џонзи уште пред повеќе од месец дена преку сервисот Твитер изјавил дека имал можност да го слушне целото ново издание и го опишал како „брилијантно“.

 

 



Врати се горе ↑