Македонија 76481_karolinagoceva1_650x460

13 ноември, 2012

Слушнете ја „Лејди Годајва„ на Каролина

Неодамна на официјалната страница на фејсбук на Каролина Гочева беше објавен нејзиниот нов видео запис за новата верзија на нејзината постара песна „Тој“, како и тоа дека на 27-ми ноември ќе биде пуштен во продажба новиот албум на Каролина, насловен „Најубави песни“. Вчера беше објавена уште еден нов сингл кој ќе се најде на овој албум, а тоа е нумерата „Лејди Годајва“ (Lady Godiva) чиишто музика и текст се на Арсен Дедиќ, а аранжманот е на Никша Братош, која можете да ја преслушате и овде.

 

Албумот „Најубави песни“ е прво компилациско цд на нашата најпопуларна пејачка, кое во тракингот содржи 12 песни, плус три песни бонус. Комплетниот избор на песните го направи  Каролина, како најубави песни во нејзината досегашна кариера.

Се работи за песни,од кои за повеќето не бил снимен спот, ниту пак биле најавени како сингл и поради тоа можеби не добиле третман како што заслужуваат со својот квалитет,а имале одличен прием кај нејзините фанови.

Во продолжение погледнете го целосниот список на песни кој ќе се најдат на овој албум.

КАРОЛИНА – Најубави песни

  1. Тој (Н. Перевски / В. Крстевски / Б. Аслани)
  2. Први март (М. Вукомановиќ / С. Вукомановиќ – К. Габровски / М. Вукомановиќ)
  3. Во заборав (Махир “Beat House” – Д. Шукало / Д. Мерлин – В. Малинова / Д. Шукало)
  4. Само уште еден ден (Калиопи / Калиопи / Д. Димитров)
  5. Без оглед на сè (К. Ковач / Р. Милошеска – Брчиоска / И. Брчиоски)
  6. Знаеш колку вредам (М. Вукомановиќ / С. Вукомановиќ – К. Габровски / М. Вукомановиќ)
  7. Штом сакаш (М. Вукомановиќ / С. Вукомановиќ – К. Габровски / М. Вукомановиќ)
  8. Љубовта е моја религија (В. Јаневски / В. Јаневски / Д. Имери)
  9. Не чувствувам страв (М. Шерифовиќ / М. Сар – В. Малинова / М . Сарихоџиќ)
  10. Капка под небото (В. Малинова / В. Малинова / Д. Тасев – М. Сарихоџиќ)
  11. И ќе биде сè во ред (И. Џамбазов / И. Џамбазов / Д. Тавитјан)
  12. Сама (М. Сар / М. Сар – В. Малинова / М. Сарихоџиќ)

Бонус

  1. Кад ми небо буде дом (В. Стефановски / Џибони / В. Стефановски)
  2. Као мало воде (В. Стефановски / В. Стефановски / В. Стефановски)
  3. Lady Godiva (А. Дедиќ / А. Дедиќ / Н. Братош)


Врати се горе ↑