Аудио carlos_santana_la_flaca

26 ноември, 2013

Слушнете ја „La Flaca“ од Карлос Сантана и Хуанес

Еден од најпознатите гитарски виртуози во светот, Карлос Сантана деновиве ја претстави својата нова песна насловена „La Flaca“, во која гостува познатиот колумбиски музичар Хуанес. Оваа песна ќе се најде на компилацијата насловена Corazón“, на која ќе се најдат соработки со некои од најголемите имиња во латино музиката и која би требало да се појави следната година. Оваа компилација ќе претставува продолжение на албумот „Shape Shifter“, објавен во мај 2012 година.

Карлос Сантана е американско-мексикански музичар и гитарист кој стана познат во шеесеттите години кога неговиот бенд Сантана прв пат започна со фузија на латино и рок музика. Во 2003 година, престижниот магазин Ролинг Стоун го постави на дваесеттото место на својата листа на најдобри гитаристи на сите времиња. Има освоено 10 Греми награди и три Латин Греми награди, снимил седум соло студиски албуми и 22 албума со бендот Сантана.

Како звучи „La Flaca“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑