Аудио t-jz-kbm

19 ноември, 2013

Слушнете ја „Know Bout Me“ од Тимбаленд

Познатиот рапер и продуцент Тимбаленд во текот на еден од своите први настапи во рамките на турнејата „Magna Carta Holy Grail“, на која Џеј Зи го промовира истоимениот, дванаесетти по ред студиски албум, пушти и дел од песната која претставува соработка во која покрај нив двајцата, учествуваат и канадскиот рапер Дрејк и американскиот пејач, текстописец и продуцент Џејмс Фонтлрој, некогашен член на Р&Б/поп продуцентскиот двоец Д Андрдогс (The Underdogs). 

Целосната верзија на оваа песна насловена „Know Bout Me“ деновиве стана достапна на интернет, а веројатно ќе се најде на претстојниот албум на Тимбаленд, кој според гласините во музичката јавност, би требало да го носи насловот „Textbook Limbo“. 

 



Врати се горе ↑