Видео Martinijan Kirilovski (2)

20 август, 2015

Слушнете ја „Јас знам“ на Мартинијан Кириловски

Кумановецот кој со својата фантастична интерпретација го воодушеви целиот регион, а медиумите го именуваа како легитимен наследник на балканскиот шармер Жељко Јоксимовиќ, Мартинијан Кириловски во средата (12 август) во кумановското кафуле „Нама“ го промовираше својот прв проект во учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Промоцијата на песната и видеозаписот со наслов „Јас знам“ се одржа во средата (12 август) во кумановското кафуле „Нама“, а ја водеше атрактивната водителка Драгана Спасовска. Автор на музика и текстот е Филип Антевски, додека за аранжманот се погрижи самиот Мартинијан заедно со Филип Антевски. Песната е снимана во студиото на Слаѓан Станишковски во Куманово, а видео записот се снимаше во кумановскиот воен аеродром „Аџитепе“, кој не е во употреба и на големата тераса со осветлување над новиот Рамстор во Куманово.

Мартинијан им се заблагодари на присутните за поддршката и ги покани да го следат охридскиот фестивал „Охрид фест 2015“, на кој токму тој ќе настапи со својот бенд.

„Дефинитивно ова беше мојот најубав ден и најубава ноќ во мојот живот. Очекувањата ми се остварија, горд сум што имам луѓе кои ме сакаат и ме подржуваат, тоа всушност ме исполнува и ми дава поттик да го работам она што го сакам најмногу. Им се заблаговарувам на сите пријатели и медиуми што дојдоа на мојата промоција и ми ја дадоа својата поддршка. Јас не застанувам тука, следната дестинација е веќе овој месец, ’Охрид фест 2015’“, се заблагодари Мартинијан.

Во наредниот период песната ќе добие и своја српска верзија која ќе го носи насловот „Ја знам“, а ќе се промовира преку мрежата на српската продукција „Гранд“, чиј ексклузивец е Мартинијан, откако пред неколку месеци официјално потпиша повеќегодишен договор. Младиот пејач поддршка доби од голем број свои колеги, меѓу нив и суперфиналистот Филип Божиновски кој јавно ја изрази својата безрезервна поддршка:

„Супер промоција, одлична песна и уште поубав спот. За текстот, музиката и аранжманот чиста 5ка! Му посакувам многу хитови, многу спотови, успеси, да си дочека и албум и дај Боже солистички концерт“, кажа Филип Божиновски за Мартинијан.

Следната дестинација каде што ќе го гледаме ова талентирано момче е охридскиот фестивал „Охрид фест 2015“, каде Мартијан ќе го видиме во поп вечерта на 25 август и во интернационалната вечер на 26 август. Како изгледа неговиот нов видео запис можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑