Аудио artworks-000048713588-5eh01n-t500x500

23 мај, 2013

Слушнете ја „I’m Out“ од Сиера и Ники Минаж

По албумот „Basic Instinct“, кој го претстави во 2010 година, минатиот месец Сиера го најави новото петто по ред студиско издание „Ciara“, а тоа го направи со првиот сингл „Body Party“. Деновиве беше објавена уште една песна, која веројатно ќе биде втор сингл од новото издание, а тоа е нумерата „I’m Out“ во која гостува колешката Ники Минаж.

Песната со одличен ритам е своевидна „женска химна“, а рефренот гласи „Ladies it’s your song so as soon as this come on /You should get out on the floor, go and get your sexy on”. Слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑