Аудио ee-iig

20 мај, 2014

Слушнете ја „If I Go“ од Ела Ер

Британската пејачка чиј вокал Ви е познат од хитот „Waiting All Night“ на составот Рудиментал, Ела Ер (Ella Eyre) деновиве го претстави својот деби сингл, а темата насловена „If I Go“ ја продуцирал Џаред Роџерс и е наследничка на темата „Deeper“ која Ела ја претстави во декември минатата година.

20-годишната пејачка која беше номинирана за наградата „BBC Sound of 2014“ (ја доби колегата Сем Смит), го подготвува својот деби албум „All About You“ кој би требало да излезе во текот на годинава, а до сега покрај Рудиментал, соработувала и со имиња како што се Ноти Бој, Виз Калифа, Тајни Темпа, Бастил и други. Како звучи нејзиниот нов сингл можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑