Аудио ashanti_i_got_it_cover

28 ноември, 2013

Слушнете ја „I Got It“ од Ашанти и Рик Рос

По синглот „Never Should Have“, со кој американската пејачка, текстописец, продуцент и актерка Ашанти во март годинава го најави своето враќање на музичката сцена, деновиве стигна четвртиот сингл од претстојното петто студиско издание „Brave Heart“. Станува збор за темата насловена „I Got It“ во која гостува раперот Рик Рос, а иако неговото име не стои на списокот на уметници, во изработката на оваа песна помогна и раперот Фјучр.

Иако првично закажан за јуни годинава, новиот албум на Ашанти неколку пати беше презакажуван, а според последните информации би требало да се појави на почетокот на следната година. Пејачката која во изминатиот период е доста активна и со концерти настапи, неодамна била забележана како влегува во студио со колегата Џа Рул, со кој веќе има соработувано за повеќе песни, па не е исклучена можноста да слушнеме уште една нивна соработка.

Како звучи „I Got It“ можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑