Аудио article_big_1364228576emeli_sande_single_cover

26 март, 2013

Слушнете ја „Here It Comes“ од Емели Санде и Рик Смит

Новиот филм кој го претставува познатиот режисер Дени Бојл насловен „Trance“, во кој улоги играат и Џејмс МекАвој, Росарио Досон и Винсент Касел,  веќе беше премиерно прикажан за одбрана публика во Лондон на 19-ти март, додека глобалната премиера се очекува за 27-ми март. Музиката за целиот филм ја потпишува еден од старите соработници на режисерот, Рик Смит од групата Андерворлд (Underworld), а деновиве пристигна и најавниот сингл отпеан од сè попопуларната шкотска пејачка Емели Санде. Како звучи „Here It Comes“ можете да слушнете во продолжение.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑