Аудио article_big_1361806461demi_lovato_single_cover

26 февруари, 2013

Слушнете ја „Heart Attack“ од Деми Ловато

Кон средината на месецов, американската пејачка Деми Ловато објавувањето на новиот сингл „Heart Attack“ го најави за 4-ти март, меѓутоа песната „протече“ на интернет малку порано од закажаното. Овој сингл го најавува нејзиниот чертврт студиски албум, за кој сè уште нема многу детали и кој исто така се очекува „во текот на пролетва“. Новото издание ќе го наследи „Unbroken“ од 2011 година. Нумерата во електро-поп и делумно драм енд бејс стил ја потпишува мала армија на автори; покрај пејачката, дел од авторската екипа се и Мич Алан, Џејсон Евиган, Шон Даглас и Ники Вилијамс, додека продукцијата е на Саспекс. Во продолжение преслушајте ја „Heart Attack“.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑