27 јуни, 2013

Слушнете ја „Happy“ од Фарел за саундтракот на „Despicable Me 2“

2013-та дефинитвно е година на синглови од детски филмови; по „Rise Up“ од Бијонсе за анимираниот филм „Epic“ и „Oh La La“ која Бритни Спирс ја сними за второто продолжение на „Штрумфовите“, неодамна пристигна и синглот „Happy“ кој познатиот продуцент и музичар Фарел Вилијамс го сними за второто продолжение на анимираниот филм „Despicable Me 2“. Како што пишува магазинот Idolator, ниту една од овие композиции не го достигна нивото на легендарната насловна тема од „Кралот Лав“ во изведба на Елтон Џон, но сепак се доста интересни, весели и соодветни за детската публика.

Филмот „Despicable Me 2“ во кој гласот за главниот лик Гру го позајмува познатиот актер и комичар Стив Карел, ќе излезе на почетокот на месец јули, а синглот „Happy“ во изведба на Фарел, кој воедно е и копродуцент на саундтракот, можете да го слушнете горе.

 



Врати се горе ↑