Аудио Geri-Halliwell-Half-of-Me

26 октомври, 2013

Слушнете ја „Half Of Me“ од Џери Халивел

Поранешната членка на најпопуларната британска женска група Спајс Грлс, Џери Халивел уште минатиот месец го најави нејзиниот нов сингл со кој ќе се врати на музичката сцена. Станува збор за темата насловена „Half Of Me“, која ја потпишуваат австалиските хитмејкери DNA и која беше премиерно претставена на 3-ти овој месец во емисијата The Footy Show, но студиската верзија пристигна деновиве, односно вчера кога песната и официјално беше објавена на австралискиот пазар.

Халивел во моментов е судија во музичката емисија „Австралија има талент“, а минатиот месец потпиша договор со австралискиот Sony Music, па не е ни чудно што кариерата ќе ја обнови токму на тој континент. Новиот сингл веројатно ќе се најде на нејзиниот четврт студиски албум, за кој сè уште нема никакви информации, а како звучи „Half Of Me“ можете да слушнете во продолжение (или на овој линк).

 



Врати се горе ↑