Аудио eminem_sia

26 август, 2014

Слушнете ја „Guts Over Fear“ од Еминем и Сиа

Познатиот американски рапер Еминем и австралиската кантавторка Сиа ги здружија силите за песната насловена „Guts Over Fear“, која е дел од претстојниот филм „The Equalizer“, во кој главната улога ја игра Дензел Вашингтон. Ова е втора соработка за познатите музичари кои позади себе ја имаат песната  „Beautiful Pain“. Новата песна во целост можете да ја слушнете во продолжение, а веднаш потоа и трејлерот за новиот филм во режија на Антоан Фука.

 



Врати се горе ↑