Аудио dj_fresh_ella_eyre

14 ноември, 2014

Слушнете ја „Gravity“ од диџеј Фреш и Ела Ер

Диџеј Фреш ги израдува своите фанови со нова песна, а во темата насловена „Gravity“ гостува надежната британска пејачка Ела Ер, чиј вокал стана препознатлив со хитот „Waiting All Night“ на „Рудиментал“. 20-годишната пејачка која беше номинирана за наградата „BBC Sound of 2014“ (ја доби колегата Сем Смит), го подготвува својот деби албум „Feline“, закажан за 4 мај следната година, а до сега покрај „Рудиментал“, соработувала и со имиња како што се Ноти Бој, Виз Калифа, Тајни Темпа, „Бастил“ и други. Веќе имавте можност да ги слушнете нејзините песни „If I Go“ и Comeback, а како звучи оваа интересна соработка можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑