Аудио 12079333_10153283772141799_5602095916068116394_n

1 октомври, 2015

Слушнете ја „Gonna Love Ya“ од Авичи

Шведската суперѕвезда Авичи утре, 2 октомври, ќе го објави својот нов албум „Stories“, a како шести сингл од изданието денеска беше претставена темата „Gonna Love Ya“. Во оваа љубовна песна во реге стил гостува пејачот Алесандро Каваца, а како звучи сето тоа можете да слушнетe во продолжение.

 

„Stories“ е второ студиско издание за познатиот диџеј и продуцент, а ќе содржи 14, односно 15 песни за луксузната верзија, меѓу кои и претходните синглови: Waiting For Love“, „Pure Grinding“, „For a Better Day“, „Broken Arrows и Ten More Days“, како и The Nights“ од ЕП изданието „The Days/Nights“.



Врати се горе ↑