Аудио robbie_williams_swings_both_ways

12 октомври, 2013

Слушнете ја „Go Gentle“ од Роби Вилијамс

Познатиот британски музичар Роби Вилијамс деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Go Gentle“ со кој го најавува претстојниот десетти студиски албум „Swing Both Ways“, закажан за 18-ти ноември. Оваа е една од шесте сосема нови песни кои ќе се најдат на ова издание, кое е своевидно продолжение на „Swing When You’re Winning“ од 2001 година.

Продукцијата и текстовите за овој албум покрај Вилијамс ги потпишува и Гај Чејмберс, кој е коавтор на споменатите шест нови песни и со кој Роби доста успешно соработувал и во претходните години, вклучувајќи ја и работата на првите пет соло албуми. Покрај „Go Gentle“, меѓу новите песни се и „Soda Pop“ во која гостува Мајкл Бубле, како и насловната „Swing Both Ways“ во која гостува и самиот коавтор на песната, Руфус Вејнрајт.

Заедно со новите теми, на претстојниот албум ќе се најдат и преработки на познати класици со гостувања на многу познати имиња од музичката сцена. Така во песната „Dream a Little Dream“ му се придружи Лили Ален, Оли Мрс гостува во „I Wan’na Be Like You“, додека Кели Кларксон му прави друштво во „Little Green Apples“.

„Go Gentle“ можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑