Аудио Nelly

21 јуни, 2013

Слушнете ја „Get Like Me“ од Нели, Ники Минаж и Фарел

Иако Нели и понатаму не открива многу детали за неговиот прв официјален албум  M.O.“ кој се очекува во текот на годинава (освен тоа дека на него ќе се најде и песна со наслов „Marry Go Round“ во која ќе гостува Крис Браун), по првиот сингл „Hey Porsche“ стигнува и вториот насловен „Get Like Me“ во кој гостуваат колегите Ники Минаж и Фарел, кој се потпишува и како еден од продуцентите на новиот албум.

Покрај Браун, Минаж и Фарел, на новото издание ќе гостуваат и колегите Нели Фуртадо, Виз Калифа, Треј Сонгз и Ти Ај, а синглот „Get Like Me“ можете да го преслушате во продолжение.

 



Врати се горе ↑