Аудио p-cb

21 ноември, 2014

Слушнете ја „Fun“ од Питбул и Крис Браун

Осмото студиско издание на Питбул насловено „Globalization“, беше најавено со хитовите „Fireball“ и „Celebration“, а сега имате можност да преслушате уште една тема од албумот. Станува збор за соработката со Крис Браун, а во потенцијалниот клупски хит збогатен со ретро звуците од осумдесеттите, кој го носи насловот „Fun“, искористен е семпл од познатата песна „Conga, која во 1985 година ја претставија Глорија Естефан и „Мајами саунд машин“.

Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Покрај Браун, меѓу гостите на новото издание се најдоа и колегите Џејсон Деруло, Џенифер Лопез, Биг Шон и други. Деновиве на официјалниот „VEVO“ канал на Питбул беа објавени уште две песни во соработка со „Хенте де зона“ и Ни-Јо, а темите насловени „Piensas (Dile la verdad)“ и „Time Of Our Lives“  Ве очекуваат во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑