Аудио enriquepitbull

8 јануари, 2014

Слушнете ја „Freak“ од Енрике Иглесијас и Питбул

Енрике Иглесијас неодамна претстави уште еден нов сингл со кој го најавува неговиот долгоочекуван десетти студиски албум кој би требало да се појави на почетокот на годинава. Станува збор за темата „(I’m a) Freak“ која е уште една соработка со неговиот колега Питбул и е трет официјален сингл од новото издание – првиот беше „Heart Attack“, а вториот на шпански јазик беше темата  „Loco“ во која гостува Ромео Сантос.

Покрај работата на новиот албум, Енрике заедно со Марко Антонио Солис неодамна ја сними и песната „El Perdedor“ за новата мексиканска ТВ серија „Lo Que La Vida Me Robó“, уште една балада како познатата „Nunca Te Olvidaré“ која ја сними за серијата „Esperanza“.

Новиот сингл „Freak“ можете да го слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑