23 февруари, 2014

Слушнете ја евровизиската песна од Тијана

Синоќа во специјалното издание на емисијата „Хит на месецот“ беше претставена темата со која Тијана Дапчевиќ ќе ја претставува Македонија на претстојниот 59-ти Избор за песна на Евровизија. Песната насловена „Таму кај што припаѓам“ е авторско дело на композиторите Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека текстот го напиша Елена Ристеска – Ивановска, а за текстот на англиската верзија со наслов „To The Sky“ Дарко и Елена се косултираа со Лаура Роска од Романија.

Во наредните денови во Македонија ќе пристигне екипа од Данска која заедно со македонската делегација ќе сними разгледница за Македонија која ќе биде прикажана пред самиот настап на Тијана, а за дваесетина дена евровизиската песна ќе добие и свој видео запис, како и промоција во повеќе европски земји. Македонската верзија можете да ја слушнете горе, а англиската во продолжение.



Врати се горе ↑