Аудио eminem-don't-front-snapshot

7 ноември, 2013

Слушнете ја „Don’t Front“ од Еминем

Само еден ден по 5-ти ноември, кога Еминем официјално го објави својот долгоочекуван осми студиски албум насловен „The Marshall Mathers LP 2“, на интернет се најде и една бонус тема. Песната со наслов „Don’t Front“ е со хип-хоп ритам карактеристичен за почетокот на деведесеттите години, а искористен е семпл токму од тој период, односно од песната „I Got Cha Opin“ од групата Блек Мун. 

Слим Шејди повторно најде интересен начин за напредок на неговата кариера, така што се послужи со квалитетните влијанија од минатото. Сепак, оваа песна не е една од петте бонус теми кои се најдоа на луксузното издание од албумот, туку се наоѓа само во пакетот кој доаѓа со видео играта „Call of Duty: Ghost Bundle“, а заедно со оваа игра е објавена и песната „Survival“. Како звучи „Don’t Front“ можете да слушнете во продолжение.

 

Албумот „MMLP2“ официјално беше објавен на 5-ти ноември, а претходно беа претставени темите „Berzerk“, „Survival“, „Rap God“, соработката со Ријана „The Monster“ и онаа со Кендрик Ламар насловена „Love Game“. Еминем настапи и на неодамнешните први музички награди на ЈуТјуб, каде што беше номиниран и победи во категоријата Артист на годината. Неговата извонредна изведба на „Rap God“ можете да ја видите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑